„Му се восхитував на Борг, а сега на Федерер“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро откри дека најмногу му се восхитувал на најголемиот ривал Бјорн Борг. Мекинро додаде дека моментално повеќе сака да ги гледа натпреварите на Роџер Федерер.

    „Кога Борг се повлече на 26 години, тоа беше вознемирување за мене. Ми недостигаа натпреварите против него. Кога би бирал некој играч од денешната генерација, би морал да го одберам Роџер Федерер.“

    Тој испрати совет до младите тенисери дека е најважно да се ужива на теренот.

    „Бирањето на добар тренер е исто така важно. Тогаш мора да ја развиете страста, тоа ќе ви донесе уживање на теренот. Секогаш мора да уживате, без оглед на резултатите.“