„Гвардиола не сакаше во Сити, затоа ме доведоа мене“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити стигна во оваа година, но малку е познато дека на прагот од доаѓање на Итихад бил и пред три години.

    Дека Пеп и тогаш бил опција за Сити потврди дека поранешниот менаџер на овој клуб Мануел Пепегрини, кој призна дека во 2013 година овој англиски клуб бираше токму меѓу тие двајца.

    „Кога во 2013 година станав тренер на Манчестер Сити, луѓето од клубот ми рекоа дека имале две опции. Таа другата бил Пеп Гвардиола, кој таа година не сакаше да го преземе Сити.

    Тогаш ме доведоа мене“, откри Пелегрини, кој потоа додаде:

    „Јас со својата епизода на Итихад сум многу задоволен. Освоив титула шампион со Англија и тоа е нешто што вечно ќе се памети“.

    Пелегирни на клупата на Сити помина три години, а го наследи токму Гвардиола кој на Итихад стигна од Баерн.