Уште еден играч на Барса под знак прашање за Ел Класико!

    Нов удар за Луис Енрике.

    После што вчера беше објавено дека Самуел Умтити порад повреда на мускулот ќе го напушти кампот на репрезентацијата на Франција и ќе се врати во Барселона на детални медицински прегледи, денеска одличниот стопер ќе биде надвор од тимот три недели.

    Тој ќе го пропушти рерпезентативните мечеви кои ФРанција ќе ги одигра со Шведска и БСК, лигашкит дуел со Малага (19 ноември), потоа и мечот од ЛШ против Селтик (23 ноември), и втор меч во Примера против Реал Сосиедад (27 ноември).

    Сеуште не се знае дали Умтити ќе биде доволно спремен за дербито со Реал Мадрид кое е на програмата на трети декември на Ноу Камп.

    Да потсетијме, покрај него, надвор од тимот се Џерард Пике, Жорди Алба и Андрес Иниеста, а освен капитенот, двајцата дефанзивци сигурно ќе бидат спремни за Реал Мадрид.

    Умтити во оваа сезона одигра 10 мечеви за Барса која ниту еднаш не загуби кога тој беше на теренот и по многумина тој е најдобро засилување на Каталонците во претходното лето.