Гери Невил го откри својот фаворит за титулата шампион на Англија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Гери Невил во разговор за британските медиуми го откри својот фаворит за освојување на  титулата во Премиер лигата.

    Како што рече, најголеми шанси дава на Ливерпул од Клоп од кој тим очекува во оваа сезона да ја освои титулата после 27 години.

    „Ливерпул игра најдобар фудбал во Англија и мислам дека ќе ја освои титулата. Верувам дека и Челси ќе биде конкурентен, но предност давам на Редсите“, рече Невил.

    Интересно, Невил во приказната за титулата не го споменуваше ни својот Манчестер Јунајтед, ни ривалот Сити.