„Во Манчестер Јунајтед немаше терор во мојот мандат“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон рече дека во тимот не владееше страв, иако откри дека во повеќе пати се доближи до лицето на своите фудбалери, што во Англија популарно го нарекуваат “третман фен“(hairdryer treatment).

    Вејн Руни во својата автобиографија напиша дека не постоеше “ништо полошо“ од таканаречениот „третман фен“, но Фергусон проговори за тоа и рече дека само сакаше на своите играчи да извлече позитивен страв.

    „Премногу се гради мит околу тоа. Тоа се случи околу шест пати за 27 години, што ќе ви кажат и играчите“, рече Фергусон на светскиот бизнис форум во Милано, а пренесоа англиските медиуми.

    Шкотскиот стручнак за тоа го обвини својот карактер.

    „Имав проблем ако играч ми одговори. Тогаш ќе тргнам кон него. Тоа беше мој проблем. (Легендарниот тренер и ментор на Фергусон) Џок Стајн секогаш зборуваше да го сочекам понеделник за разговор со играчите, но јас не можев да чекам. Затоа во сабота после натпреварот зборував како се чувствувам, бидејќи цела недела трениравме на високо ниво и очекував победа во секој натпревар“, рече Фергусон.

    Тој оцени дека навистина има дејство.

    „Им ја зборував вистината, а вистината работи. Сите играчи тоа го разбираа и него земаа тоа за лошо. Тогаш ден после се тоа остававме по страна и се подготвувавме за нова победа. Никогаш тоа не беше страв. Тоа беше свето“, рече Фергусон.