Добри вести за Јуве – Еден од најдобрите на теренот од декември


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалскиот клуб Јувентус соопшти денеска дека се очекува напаѓачот да се врати на тренинзите на почетокот на декември.

    Дибала се повреди на 22 октомври во текот на првенствениот натпревар со Милан (0:1) и ги пропушти мечевите со Сампдорија, Наполи, Лион и Киево.

    „Паоло Дибала е подлегнат на тестови во Виново и утврдено е дека постои благ напредок во опоравувањето. Неговото враќање на тренинзите со екипата се очекува за околу три недели, но за тоа повеќе ќе знаеме после дополнителните прегледи во наредните денови“, се наведува во соопштението на Јувентус.

    Дибала во оваа сезона одигра 11 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања и постигна четири голови.