Неизвесно дерби во НБА: Клиперс подобар од Оклахома


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во дербито на вечерта Клиперс победија против Оклахома со 110:108, иако најдобар играч на натпреварот беше Расел Весбтрук.

    Плејмејкерот постигна 29 поени, 14 скокови и 9 асистенции. Оклахома беше подобра во 1-та и 4-та четвртина, но во останатиот дел од натпреварот подобар беше Клиперс и така стигнаа до победата. Грифин постигна 25 поени, Крофорд 19, а Џордан постигна 12 поени и 13 скокови.

    Детроит гостуваше кај Сан Антонио, а до победата стигна домашниот тим со 96:86. Одлична игра на Пол Гасол кој постигна 21 поени и 9 скокови. На другата страна беше одличен Драмонд постигна 20 поени и 17 украдени топки.

    Останати резултати:

    Шарлот – Торонто 111:113
    Орландо – Јута 74:87
    Филаделфија – Индијана 109:105
    Вашингтон – Кливленд 94:105
    Бостон – Њујорк 115:87
    Оклахома – Клиперс 108:110
    Сан Антонио – Детроит 96:86
    Портланд – Сакраменто 122:120