ГН Валенсија: Лоренцо со пол позиција

    Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо ја освои пол позицијата пред ГН на Валенсија, последната трка од Мото ГП за оваа година. Лоренцо во првиот ред ќе вози покрај Маркез и Роси.

    Квалификациите на патеката „Рикардо Тормо“ беа возбудливи, а Лоренцо ги заврши пред Маркез. Постариот од двајцата Шпанци на почетокот на викендов покажа дека сака да се прости од Јамаха во голем стил, а тоа посебно се виде во борба за пол позицијата.

    Таа борба падна само на Лоренцо и Маркез, кои беа најблиску на слободните тренинзи, бидјеќи Роси беше далеку од нив.

    Покрај Вињалес во вториот ред ќе бидат Довициозо и Пол Еспаргаро, а ќе ги следи Јаноне од Дукати. Првата 10-ка ја комплетираат Алеш Еспаргаро и Бредли Смит.