До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ова може да биде зделката на летото на релација Барселона – Ливерпул.
Не е тајна, го години наназад медиумите во Шпанија пишуваат дека Барселона го сака Кутињо, но сега Ливерпул спреми одговор.
Како што пренесува добро информираниот Ливерпул ехо, на мета на Јирген Клоп е Арда Т уран, кој со драга воља би преминал на Енфилд.
Имено, неколку месеци пред што премина во Барселона, Арда Туран откри дека е голем навивач на Ливерпул и дека сака еден ден да го облече црвениот дрес.
Доказ за тоа е и фотографијата во дресот на својот репрезентативен колега Нури Сахин, кој од лето 2012 до зима 2013 година ги бранеше боите на Ливерпул.
„Јас сум навивач на Ливерпул и сакам да заиграм на Енфилд. Тоа е клуб со огромна традиција и одлични навивачи“, рече Арда Туран за британски Експрес во февруати 2015 година, неколку месеци пред преминот во Барса.
Да потсетиме, на мета на Ливерпул се наоѓа уште еден одличен офанзивец од Бундеслигата, кој со Арда Туран сигурно ќе го засили тимот на Јирген Клоп во случај на заминување на Филипе Кутињо, повеќе за тоа ТУКА.















