До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ријад Марез во минатата сезона блескаше во дресот на Лестер. Одличниот Алжирец е прогласен и за најдобар фудбалер во Премиер лигата, а во летото одби голема понуда од Арсенал и остана во редовите на Лисиците.
Лестер во оваа сезона е далеку од врвот, а се чини дека офанзивниот играч за врска наскоро може и да го напушти Кинг Пауер.
Имено, англиските медиуми денеска тврдат дека Марез се одлучен веќе во јануари да го напушти Лестер.
Наводно, негова нова средина треба да биде Сан Сиро, бидејќи Росонерите се многу заинтересирани за неговите услуги.
Откриено е и тоа дека Милан може за неговите услуги ќе плати околу 30 милиони евра на шампионот на Англија, но јасно е дека Лисиците ќе бидат на загуба кога се знае дека веќе во летото одбиле понуда поголема од 45 милиони евра која ја испратија Топџиите.















