До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најнепопуларните тренери на Островот, Дејвид Мојс го упропасти трансферот на Џо Харт.
Имено, Харт после доаѓањето на Браво во Сити, своето засолниште го побара во Торино, меѓутоа малку недостасуваше да биде тоа засолниште.
Дејвид Мојс сегашниот стратег на Сандерленд го стопираше неговиот трансфер од Граѓаните во редовите на екипата која ја води овој тренер, а тоа неодамна го призна за островските медиуми.
„Витно Маноне требаше да биде број еден, но после тоа се повреди, Џордан Пикфорд беше прв избор. Можевме да го доведеме Џо Харт, мислевме дека е идеален за нас, но Пикфорд бранеше добро и се одлучивме Харт да не го доведуваме“, рече Мојс.
Тоа можеби и му с е одмазди. Сандерленд загуби доста бодови во оваа сезона, а моментално се на последното место во Премиер лигата.















