Арсенал пронајде играч кој еден ден ќе го замени Озил?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Арсен Венгер пронајде фудбалер кој еден ден може да го замени Месут Озил.

    Шведските медиуми пофално пишуваат за најновиот талент на Скандинација, младиот Петер Гваргис, момчето кое има само 16 години.

    Тие го претставија како нов Месут Озил, најверојатно поради фактот дека Арсенал испрати скаути да го следат ова младо момче во последните натпревари кои ги играше.

    Момчето игра за Хускварна во Шведска, но сеуште не одигра ниту еден меч за првиот тим.

    „Арсенал и ПСВ го го повикаа, но моментално најзаинтересиран е Фејенорд“, рече спортскиот директор на клубот Валид Фаур.

    „Тој е левоног, за многумина потсетува на Озил“, рече овој функционер, пробувајќи на тој начин за донекаде и да ја зголеми цената на својот фудбалер.