Сан Антонио беспрекорен: На Хјустон не му помогна ни трипл-дабл на Харден


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Сан Антонио беа подобри од Хјустон во дербито во Тексас. Тие победија со 106:100.

    На домаќинот не му помогна ни одличната игра на Џејмс Харден, кој постигна трипл-дабл, односно 25 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Во Сан Антонио 5 играчи имаат двоцифрен број на поени. Леонард постигна 20 поени, а Алдриџ постигна 16 поени и 10 украдени топки. Кај домаќинот, освен Харден, се покажа и Гордон со 27 поени.

    https://youtu.be/30sV2J5Lf-k

    Торонто успеа да го победи Њујорк со 118:107. Кај нив ДеМар ДеРозан со 33 поени и 7 скокови беше најдобар додека кај Њујорк најдобар беше Кармело Ентони со 31 поен и 6 украдени топки.

    https://youtu.be/yVBbC_iCVRw

    Останати резултати:

    Индијана – Бостон 99:105
    Њу Орлеанс – Лејкерс 99:126
    Атланта – Филаделфија – 117:96
    Чикаго – Вашингтон 106:95
    Мајами – Јута 91:102
    Минесота – Клиперс 105:119
    Милвоки – Мемфис 106:96
    Денвер – Детроит 95:106
    Феникс – Бруклин 104:122