„Не размислувам за првото место“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка изјави пред самиот крај на сезоната дека не размислува за првото место на АТП листата.

    Тој имаше уште една успешна сезона зад себе во која ја освои 3-та Грен Слем титула во кариерата и тоа таа во Њујорк.

    Сепак, тој изјави дека и покрај се, дека не смета на првото место бидејќи Мареј и Ѓоковиќ имаат двојно повеќе бодови од него.

    „Освојував Грен Слемови, но сеуште сум далеку од првото место на АТП листата, па така не размислувам за тоа. Многу сум среќен со состојбата во која се наоѓам сега. Три освоени Грен Слем во 3 години се навистина нешто што не го очекував.“

    Тој игра утре против Кеи Нишикори во Лондон.

    „Тој е добар играч. Игра брзо и става голем притисок врз вас. Важно е да се игра агресивно. Мора да победите во физичка борба ако можете. Ќе биде добар натпревар.“