Срна потпишува договор од соништата: Дали ова е трансферот на кариерата?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Замислете таков крај на кариерата!

    Легендарниот капитен на Хрватска и Шахтјор во својата 34-та година може да потпише договор од соништата.

    Дарио Срна повторно е на мета на Барселона која во јануари скоро сигурно ќе донесе десен бек наместо отпишаниот Видал.

    Досега Барселона ја поврзуваа со Лихштајнер и Кансело, а Јуве можеби би се откажал од својот играч, но Валенсија тешко дека ќе го пушти својот десен бек.

    Поради тоа, се појави најреална опција, а тоа е Дарио Срна, офанзивен, искусен десен бек, тркач, борец и тактичи одличен играч, а притоа му завршува и договорот во лето.

    Медиумите пишуваат дека Барселона сериозно е заинтересирана за Срна кој би можел во вториот дел од сезоната да го засили тимот.

    Срна цела кариера ја помина во Шахтјор за кој ја игра 14-та сезона во низа, а од 2003 кога стигна, тој освои 8 титули, 6 купови, 7 суперкупови на Украина и куп на УЕФА, одигра 500 натпревари и постигна 48 голови.