Миха си ја отвори душата: Прозборе за Галијани, Берлускони, Балотели…


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тој зборуваше дека го натерал Берлускони да го купи Ромањоли за 25 милиони евра, па потоа за заканата со отказ поради Донарума. Потоа за тоа колку го сака Галијани и што му предвидува на Балотели.

    Синиша Михајловиќ е човек геније на Апенините. Неговиот Торино е едно од откритијата оваа сезона. Дојде по лошата сезона во Милан. Лансираше „деветка“ за која сите зборуваат – Андреа Белоти. Адем Љајиќ игра одлично кај него. Останатото ќе остане запишано дека на фудбалскиот фудбал му го подари Донарума, моментално најдобриот млад голман на светот и наследник на Буфон.

    Секогаш зборува за тоа што го мисли, знае да ги поднесе сите удари, верува во своите идеи, не трпи притисоци и често не е политички коректен во изјавите кога ја кажува суштината. Во Торино е на добар пат да направи нешто големо.

    „По искуството во Милан, барав нешто што ќе ми годи. Историјата на Торино има силни корени. Тоа е приказна за срцето, душата, пот, крв, љубов.. Баш таква каква што сакам. Но не е само историја. Има тука и други работи. Ова е клуб кој брзо расте, сите во него си ја знаат работата и се многу амбициозни. Таков е претседателот Каиро, таков е директорот Петраки, таков сум и јас.“

    На почетокот не тргна добро…

    „Мислам дека многумина не очекуваа ваков старт бидејќи се смени тренерот, системот на игра, фудбалерите… Требаше време да ги убедам играчите како јас го гледам фудбалот и да ги навикнам на тоа. Да го смениме менталитетот. На почетокот бев лут што не разбираат, но потоа момците ми рекоа дека не е лесно да се навикнат на промена по 5 години и по Вентура да тргнат на нешто сосема спротивно.“

    Често велите дека овој Торино е на 50% од своите можности…

    „Сеуште работиме на почетните работи, како што се темелите на игра и моралните принципи. Секогаш мора да одиме на победа, да бидеме без страв. Ги навикнам дека не е нормално за нашиот тим да изгуби на Сан Сиро или да игра нерешено дома против Лацио. Кога тоа ќе се случи, мора да бидеме бесни и незадоволни, а не да ги спуштиме рамениците и да велиме дека тие се посилни. Не дојдов овде да победувам од време на време.“

    А што е со останатите 50% кои недостигаат?

    „Околу 30% отпаѓа на водењето на самите натпревари. Мораме да знаеме кога да бидеме бавни, а кога треба да бидеме побрзи. И на крајот, се последните 20%. Тоа е нешто екстра што секој треба да го извлече од себе. Дополнителниот квалитет за кој можеби и не знаеме дека ја имаме. Ако ја немаме тогаш треба да превземеме од други кои имаат победнички менталитет.“

    Дали ќе донесувате засилувања во јануари?

    „Ќе видиме. Ако има материјал кој ќе не засили, тогаш ќе направиме се за да го земеме. Но моментално сме задоволни и целта ни е Европа.“

    Што е конечната цел?

    „Ако ни се даде некоја шанса, ќе направиме се за да ја искористиме. Целта е пласман во Европа.“

    Го лансиравте Адреа Белоти во еден од најдобрите италијански напаѓачи.

    „Ако сега не е, сигурен сум дека во иднина ќе стане најдобар напаѓач во Италија. Неговиот главен квалитет е гладот за голови и тоа што не е себичен. Ме потсетува на Грацијано. Му реков дека е играч кој секој тренер би го сакал во својот тим. Не смее да ја изгуби својата дрскост. Верувам дека тоа нема да се случи. Имав среќа да ги запознаам неговите родители. Тоа е едно чесно семејство и ми изгледа дека и тој е таков.“

    Торино има најефикасен напад по Рома во Италија. Не е само Белоти заслужен, тука се и други…

    „За Белоти ви кажав, а Љајиќ не знае ни самиот колку е силен играч. Ова може да биде негова сезона. И покрај проблемите во репрезентацијата, дојде кај нас бидејќи е свесен колку може да напредува. Му реков дека ќе го удрам со ногата во задник ако нема двоцифрен број на голови и асистенции. Тој ми кажа дека нема проблем. Не треба да се задоволува со моменталното, а јас секогаш ќе бидам покрај него. Во форма се врати и Фалке, кој ќе биде еден од најважните играчи. Мора да се поправи на гостинските натпревари, како и остатокот од тимот.“

    Дали овој Торино е екипа која игра најдобар фудбал во вашата тренерска кариера.

    „Не знам, мислам дека моите тимови секогаш играа добро. Болоња, Фиорентина, Катанија, Сампдорија, Милан… Се обидувам да играм офанзивно, но играчите се тие кои го прават тренерот. Овде најдов многу квалитет. Млади се, гладни за успеси и ако имаат вистински тренер, ќе може да полетаат.“

    Донарума од Милан е еден од нив.

    „Да, тој е најдрастичен пример. Јас го лансирав и покрај тоа што многумина се сомневаа. Сега тој е голем капитал на италијанскиот фудбал. Дури не знам ни дали постои вистинска цена за него во овој момент. Секогаш ќе бидам горд на него. Не го промовирав само затоа што е млад и што немав други решенија. Тој ме убеди со квалитетот.“

    Многу ризикувавте бидејќи Милан е во тешка ситуација.

    „Милан беше во тешка ситуација од самиот почеток. Изгубивме многу време во првите 7 или 8 кола бидејќи се обидувавме да играме 4-3-1-2, затоа што тоа го сакаше Берлускони, а видов дека тоа не е вистинскиот избор. По Наполи реков дека е доста. Ќе играме како што јас мислам дека треба да играме и ако треба да загинам, ќе загинам со своите идеи. И резултатите почнаа да доаѓаат… Така беше и со Донарума. Пред неговото деби, Берлускони два пати доаѓање и ми велеше дека треба да брани Диего Лопез.“

    Што му одговоривте?

    „Дека има 2 опции. Една, да ме избрка и да брани Диего Лопез. И другата, да ме задржи и да брани Донарума. Не негова среќа, не ми даде отказ.“

    Берлускони ве донесе и ве отпушти вас од Милан.

    „За мене секогаш ќе биде чест што работев со него и што ми даде шанса. Секогаш ќе му бидам благодарен. Да речеме дека 29 од 30 години бил најдобриот сопственик на клубот. За жал, јас бев тренерот во таа 30-та година.“

    Каде „пукна“?

    „Не знам… Ме донесоа бидеќи сметаа дека имам неопходен карактер и дека можам да вратам некои правила и работна култура. Успеав во тоа, а дури и повредите почнаа да се намалуваат. Алекс кај мене успеа да одигра цела сезона. Треба да ставиме се на вага. Како што реков, првите 7 или 8 кола изгубивме многу време. По натпреварот против Јувентус кој беше наш најдобар, почуствував олеснување. Го оставив Милан во финалето на купот на Италија и позиција која не носи во ЛЕ. Сите знаеме како заврши на крајот… Го добија Донарума, а Ромањоли никогаш немаше да дојде ако не бев јас. Бидејќи никој не сакаше да плати 25 милиони евра за него. Во тој момент тоа делуваше премногу, но тоа беше добро решение. И тогаш морав да го убедувам претседателот.“

    Како успеавте?

    „Берлускони изјави дека е прескапо. Го натерав да го купи. Му реков дека ако еден ден го продаде за помалку од 25 милиони евра, јас лично од мојот буџет ќе ја надоместам разликата. Но ако го продаде за повеќе, дека профитот ќе го делиме на половина. И така го убедив… А мислам дека минатото лето стигна понуда од Челси двојно поголема од таа Берлускони што ја плати. Слично беше и со Нианг. Го убедив да го задржи иако имаше понуда од Лестер. Сега е еден од највредните во екипата. Кога Милан би ги немал овие играчи, екипата би била многу послаба. Но работата која најмногу ме боли е тоа што не ми беше дозволено да ја водам екипата во финалето на купот на Италија до која јас ја донесов. Немам доказ за тоа, но мислам дека со мене на клупата Милан ќе ја освоеше титулата и ќе се пласираше во ЛЕ.“

    Адријано Галијано беше на ваша страна и ве бранеше.

    „Според мене се однесуваше како гигант. Ќе ми биде жал ако замине од Милан и би сакал да остане некако во фудбалот. Многу го сакам, го сметам за пријател бидејќи многу ми помагаше. Поради соработката со него, сезоната во Милан беше фантастично искуство. Нашиот однос е продолжен.“

    Сегра работите кај Каиро. Каков е тој?

    „Кога Каиро би бил фудбалер, тогаш тој би играл на секоја позиција. Тој што спасува од гол-линија, ги преминува сите и постигнува гол. Човекот работи 18 часа дневно. Понекогаш помислувам дека има брат близнак бидејќи не можам да верувам како успева да стигне да ги заврши сите работи во текот на денот.“

    Дали Балотели е изгубен случај?

    „Напротив! Мислам дека не е целосно. Да останеше, верувам дека ќе експлодираше. Во Јувентус му беше можеби најдобро. Немаше среќа бидејќи постојано се повредуваше и тогаш ја изгуби самодовербата. По натпреварот со Алесандрија ми пријде и ми рече: Тренеру, ми се тресат нозете. Се надевам дека наскоро ќе се врати во репрезентацијата затоа што е одличен.“

    Дали мислите дека Де Бур е прерано отпуштен?

    „Не ја познавам ситуацијата во клубот… Де Бур ми изгледаше како пристоен човек. Но Пиоли има потребно искуство и е вистинскиот избор за Интер.“

    Често вашите изјави се карактеризираат како сексистички. Рековте дека жените се разбираат во фудбал и дека во Торино на домашен терен се игра машки, а на гостување изгледа како женски тим.

    „Не треба да се генерализираат моите изјави. Реков дека не може сите жени да се разбираат во фудбал. Жал ми е ако некој навредив. А што се однесува до другата реченица, реков во смисла дека играме премногу убаво на гостување. Но ранливо и деконцентрирано. Тоа е израз на познатиот Џани. Што се однесува до мене, ги сметам жените за посилни од мажите. Мене жената ми роди 5 деца и таа управува во мојата куќа.“