„Се надевам дека Бразил ќе ја задржи трката“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека се надева дека ГН на Бразил ќе биде во календарот на Ф1, но нагласи дека знае колку многу чини одржувањето на трката.

    Бразил беше домаќин на Ф1 секоја година од 1973 година, а само Монако, Велика Британија и Италија се подолго на календарот. Меѓутоа „Интерлагос“ треба да биде потврдена за наредната сезона.

    Првиот човек во Ф1, Берни Еклстон минатата недела имаше состанок со луѓето од Бразил, а Хамилтон изјави дека се надева дека оваа трка ќе остане во календарот.

    „Свесен сум за финансиските проблеми во Бразил, но се надевам дека ќе биде подобро. Ова е трка која мора да остане во календарот, таа е дел од историјата на Ф1 и не смееме да дозволиме да не се вози. Навивачите се тие кои ја прават посебна. Се надевам дека ќе остане во календарот.“

    Календарот за наредната сезона на Ф1 би требало да биде потврден на состанокот на светскиот совет за авто-мото спорт кој ќе биде одржан во Виена на крајот на месецот.