Одлични вести за Рома: Се враќа неверојатната легенда!

    Одлични вести ни стигнуваат од Рома. Капитенот и легенда на Рома, Франческо Тоти се враќа на теренот по 3 недели пауза поради повреда.

    Тоти поради повредата на колкот ги пропушти последните 3 натпревари, против Емполи и Болоња во Серија А, како и против Австрија Виена во ЛЕ.

    Италијанските медиуми пишуваат дека ќе биде целосно подготвен за гостувањето на Аталанта.

    Легендарниот фудбалер покажа задоволство што тренираше со екипата и што ќе може да и помогне во наредните натпревари.

    Тој оваа сезона одигра 6 натпревари и постигна 2 голови и 2 асистенции.