АТП Лондон: Мареј во три сетови подобар од Нишикори


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во првиот натпревар од второто коло во Лондон, Енди Мареј победи со 6:7, 6:4 и 6:4 против Кеи Нишикори.

    Без брејкови започна првиот сет, па двајцата имаа исти шанси во тај-брејкот.

    Нишикори беше подобар, па го освои првиот сет. На почетокот на вториот сет Мареј направи брејк, но Кеи во 8-от гејм успеа да израмни, а набрзо потоа Мареј со нов брејк го освои сетот.

    Во третиот сет Мареј тргна жестоко, водеше со 4:1, Кеи успеа да врати еден брејк, но не успеа да се врати целосно во натпреварот, па така Мареј успеа да стигне до победа.

    Во последниот натпревар Мареј ќе игра против Вавринка додека Нишикори против Чилиќ.