Дали ќе има сензација во Лондон: Мареј останува без полуфинале?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Иако на прв поглед изгледа неверојатно, тоа не е невозможно.

    Доколку Вавринка против Мареј игра одлично како на УС Опен, можно е се да се случи во Лондон.

    По победата против Чилиќ со 2:0 во сетови, Вавринка не само што ги задржа шансите за пласман во ½-финале, туку и му се закани на Енди Мареј дека може да остане без истото.

    Доколку Вавринка во два сетови го победи Мареј, а Нишикори биде подобар од Марин Чилиќ, тогаш Мареј ќе остане без полуфинале.

    Оваа претпоставка е неверојатна бидејќи е премногу тешко Вавринка да победи без изгубен сет.

    Во секој случај, завршницата на натпреварувањето во групата „Џон Мекинро“ би можела да биде интересна.

    Табела:

    1.Мареј 2-0(4:1)
    2. Нишикори 1-1(3:2)
    3. Вавринка 1-1(2:2)
    4. Чилиќ 0-2(0:4)