„Светот мора да знае како доаѓаш до медалите“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Олимписката шампионка, Елена Исинбаева изјави дека не се сложува со светската антидопинг агенција дека може да му дозволи на некој да користи средства од списокот на забранети лекови.

    Исинбаева е член на меѓународниот комитет на олимписки натпреварувачи и зборуваше за таквите случаи. Руската атлетичарка смета дека тие ситуации би требало јавно да се кажат дека некој користи лекови кои му ги дал докторот.

    По скандалот со суспензијата на руските спортисти од ОИ во Рио, хакерска група објави голем број документи на светската антидопинг агенција во кои може да се види колку голем број на спортисти, меѓу кои беа и тие најпознатите, со дозвола користеле недозволени лекови. На тој список беа Рафаел Надал, сестрите Вилијамс, Симона Билс…

    „Воопшто не се сложувам со тоа да се прават исклучоци поради потреба од лечење. Мислам дека јавноста треба да знае за таквите работи. Светот мора да знае како се доаѓа до врвните резултати и до медалите. Исклучоци мора да се дозволат само доколку независни лекари кои работат за меѓународниот олимписки комитет одлучат дека тоа е потребно.“