„Можеби е тажно, но мојот живот е фудбалот! “


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    „Многу размислувам за фудбал, не можам тоа да го измерам, не знам кога престанувам да мислам за тоа.“

    „Не сум сигурен дека престанувам да го правам тоа и кога ќе легнам да спијам! Многу гледам фудбал. Но во Англија воопшто не е едноставно да гледате фудбал. Во било која земја во светот може да гледате повеќе ПЛ натпревари отколку во Англија. По една година, тоа ми е целосно јасно.“

    „Гледам меѓународни натпревари, а сакам да гледам натпревари и од втора англиска лига, таму се игра многу добар фудбал. Секако, ја гледам и Бундеслигата. Не е како претходно, но гледам да одржувам чекор. Ова звучи многу тажно, но мојот живот е исполнет со фудбал.“

    Призна дека и многу големо значење имаат полувремињата во неговата работа.

    „Понекогаш одвај чекам полувреме. Најпрво на играчите им давам време да здивнат, да пијат вода, а потоа лекарите да проверат дали со нив е се во ред. Потоа ја гледаме ситуацијата од првиот дел, но само да пренесеме порака. Мислам дека еден од најдобрите говори на полувреме го имав во Базел.“

    „Во клубот има одлична атмосфера. Се чувствува тоа околу стадионот, во Ливерпул. Кога одите низ градот си мислите `не е толку лошо!`. Пред нас е сега нов предизвик, па мора да останеме концентрирани и на вистински пат.“