Новинарите го налутија: Ги имам победено сите тренери во светот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во викендот пред нас се игра натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

    Ќе биде тоа нов дуел помеѓу Венгер и Мурињо, а Венгер ќе ја бара втората победа против него.

    Единствениот триумф тој го имаше минатата година во Комјунити Шилд, уште додека Мурињо имаше големи проблеми со Челси да го држи на вистинскиот пат.

    Сега тој го предводи Јунајтед, а Венгер пред натпреварот против својот ривал даде интересна изјава.

    „Не треба да ги опишувам нашите односи. Тој се бори за својот тим, а јас за мојот.“

    „Не губев секогаш. Имаше многу тренери, а ги имам победено сите тренири во светот во изминатите 20 години. Не е целта на тренерот да се натпреварувам. Разбирам дека луѓето сакаат да направат контроверзија, но натпреварот се ќе покаже.“