Испишана е историја во „белиот“ спорт: Браќата Мареј доминираат во светскиот тенис


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Енди Мареј на претходниот Мастерс во Париз конечно дојде до првото место во АТП листата, а по неговите чекори тргна и неговиот брат Џејми.

    Постариот од браќата Мареј стана најдобар тенисер во конкуренција на двојки.

    Така тие испишаа нова страница во историјата на белиот спорт, бидејќи ова е прв пат двајца браќа да се наоѓаат на врвот на АТП листата во двете конкуренции.

    Џејми Мареј со својот партнер во двојки, Бруно Соарес стигна до првото место благодарение на поразот на Херберто и Махут во групната фаза од завршниот Мастерс во Лондон.

    Мареј и Соарес со максимален скор стигнаа до ½-финале.