Одличен потег на ѕвездата на Кливленд: Донација од 2.5 милиони за изложбата на Али

    Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс донираше 2.5 милиони долари за изложбата на Мухамед Али во новиот Национален музеј на афроамериканска историја во Вашингтон.

    Легендарниот боксер почина на 3-ти јуни по долга борба со Паркинсоновата болест. Али беше еден од најомилените американски спортисти, а Џејмс изјави дека ја имал таа чест да му биде пријател.

    „Секој професионален спортист, без оглед на расата и полот, должат голема благодарност на Мухамед Али. Неговата историја заслужува да биде учена и почитувана од страна на секоја генерација.“

    Изложбата која го носи името „Мухамед Али: Силата за промена“ се состои од голем број предмети кои му припаѓале на Али. Целта на изложбата е да се прикаже спортскиот пат на легендарниот боксер, но акцентот е ставен на друштвената активност и политика.

    „Многу сме му благодарни на Леброн Џејмс.“

    „Како друштвено најактивна спортска ѕвезда, Леброн Џејмс покажува дека Али во свое време се борел против расни и друштвени борби.“

    Изложбата на Али е отворена на 24-ти септември, а во музејот може да се најдат повеќе од 35.000 предмети кои датираат од периодот на ропството, па се до денес.