„Алонсо требаше да освои 6 титули!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Торо Росо, Карлос Саинц јуниор изјаив дека Алонсо во досегашниот дел од кариерата бил на такво ниво што требало да освои 6 титули.

    Шпанецот освои 2 титули – 2005 и 2006 година со Рено, а беше вице-шампион со Ферари во 2010, 2012 и 2013 година.

    Саинц изјави дека Алонсо му бил идол додека растел, дека го учел неговиот стил на возење, но и дека би требало да има повеќе од 2 титули.

    „Имам впечаток дека тој има освоено 5 или 6 титули. Тоа што го направи со Ферари, малку луѓе би можеле. Исто така, се издвојува со Мекларен. Титулите се само број, да ги прашате сите луѓе во светот, сите ќе се сложат дека тој е еден од најдобрите во историјата. Титулата зависи од болидот или од тоа дали сте на вистинско место во вистинско време. Тоа што ја прави вашата кариера и почитта кон вас се вашите резултати секоја година.“

    Алонсо и Саинц имаа голем број борби оваа сезона, а постариот од двајцата Шпанци моментално е подобар во генералниот пласман, бидејќи има 7 бодови предност.

    Последната трка во Ф1 се вози во Абу Даби на 27 ноември.