Од Михтаријан до Габигол: Овие 11 врвни играчи се разочарани!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Додека некои играчи оваа сезона играа добро, некои разочаруваат. Во продолженија следат 11 играчи кои се разочарани, а има голем број причини како смена на тренер, тактика, формација, доаѓање на нови играчи, многу играчи на иста позиција и секако, промена на средината.

    На листата има играчи на Барселона, Јувентус, Интер, Ливерпул, Мансистер Јунајтед, Арсенал, Челси, Баерн, Реал Мадрид…

    Голман

    Јаспер Силесен(Барселона)

    Силесен во 18 натпревари за Ајакс во минатата сезона не прими гол, а тоа е пет пати повеќе во однос на било кој друг голман во таа лига. Иако Клаудио Браво се пресели во Сити, сепак Силесен не добива шанси, па малку е лут затоа што досега бранеше само 90 минути.

    Одбрана

    Алеиш Видал(Барселона)

    Видал оваа сезона во Барселона одигра само 2 натпревари, односно вкупно 180 минути. За Севиља во сезоната 2014/15 постигна 4 голови и 5 асистенции. Повредите му направија големи проблеми, особено оваа сезона, но една од главните причини за неговото греење на клупата е добрата форма на Серги Роберто.

    Даниеле Ругани(Јувентус)

    Ругани исто така одигра само 2 натпревари за Јувентус оваа сезона. Јуве победи во 16 натпревари, а изгуби само еден во Серија А во кој играше со Ругани во тимот.

    Мамаду Сако(Ливерпул)

    Сако сеуште чека на првата минута во ПЛ оваа сезона. Иако минатата сезона во ПЛ освои 60% од дуелите, оваа сезона тој сеуште нема настап. Ги напушти подготовките на Ливерпул во САД, а Клоп донесе 2 централни дефанзивци и неговите денови во Ливерпул завршија.

    Хуан Бернат(Баерн Минхен)

    Бернат постигна еден гол и една асистенција со еден испратен удар и создадена шанса во единствениот натпревар во ЛШ оваа сезона. Вкупно за Баерн одигра 7 натпревари, односно 503 минути, но тешко е кога игра Давид Алаба. Бернат играше само кога Алаба беше на друга позиција.

    Среден ред

    Михаел Карик(Манчестер Јунајтед)

    Интересен е податокот дека Јунајтед победи во секој натпревар во кој играше Керик. Вкупно одигра 6 натпревари за Јунајтед оваа сезона, односно 434 минути. Фактот дека со 35 години Керик не може да игра на секој натпревар, но со оглед на проблемите кои Мурињо ги има во линијата за врска, може тој да игра уште некоја минута повеќе.

    Цеск Фабрегас(Челси)

    Минатата сезона Фабрегас имаше 7 асистенции во ПЛ, повеќе од било кој друг играч на Челси. Со доаѓањето на Конте, Фабрегас го изгуби своето место и предност имаат Канте и Матиќ. Фабрегас нема играно на натпревар скоро 2 месеци, а вкупно за нив има 6 настапи, односно 272 минути.

    Џејмс Родригез(Реал Мадрид)

    Тој минатата сезона за Реал одигра 26 натпревари и создаде 60 шанси. Сепак, тешко е да се избори за позиција во друштво на врвни фудбалери како Модриќ, Крос, Васкез, Ковачиќ, Иско, Касемиро и Асенсио.

    Хенрик Михтаријан(Манчестер Јунатед)

    Тој создаде 82 шанси во БЛ минатата сезона, најмногу од било кој друг играч. А каква е ситуацијата денес? Последните месеци во Манчестер не се задоволни со него. Се бори со формата, а скромните 137 минути колку што ги доби, не изгледаа најдобро. Мурињо јавно го критикуваше, а пред него далеку се Хуан Мата, Вејн Руни, Маркус Рашфорд, Лингард…

    Напад

    Габриел Барбоса(Интер)

    Габриел постигна 5 голови во 11 натпревари за Сантос оваа сезона пред да се пресели во Интер. Изгледаше дека му се исполнуваат соништата, одби понуда од Кина за да се пресели во Италија, но неколку месеци подоцна, тоа се покажа како лош потег. Поранешниот тренер на Интер, Де Боер изјави дека не го сакал, но и покрај неговото заминување, Бразилецот одигра само 16 минути.

    Оливер Жиру(Арсенал)

    Жиру беше најдобар стрелец на Арсенал во две од последните 3 сезони, но оваа сезона треба да се бори со Алексис Санчез, кој е во форма. Жиру одигра 8 натпревари за Арсенал, поточно 221 минута.