Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Ривалството помеѓу Реал Мадрид и Барселона е едно од најголемите во светот на фудбалот. Од политички и регионален, до спортски вид на ривалство има помеѓу Мадрид и Каталонија.
Од таа причина, многу ретко преминуваа играчи од еден во другиот клуб, а уште поретко навивачите му даваа аплауз на противнички играч. Само ретки имаа привилегија.
Меѓутоа, тој не беше било кој…
Беше 19 ноември 2005 година, Барселона со 3:0 го победи Реал во Мадрид. Токму овој натпревар помина во знакот на волшебникот Роналдињо.
Тој секогаш ќе остане запаметен како еден од најголемите.
https://youtu.be/DMqPhCO298Y
Токму таа вечер Бразилецот си поигра со играчите на Реал Мадрид, помина покрај нив, Серхио Рамос го натера барем на момент да се чувствува како аматер.
А потоа по 3-от гол на Барселона, а негов втор, следеше неочекуван аплауз.
Тој натера 70.000 луѓе кои мразеа се од Каталонија, да станат и да му дадат аплауз.
Дури на крајот на натпреварот Бекам и Зидан му честитаа на неверојатниот натпревар кој го имаше.