Одлука да не бидеш во топ 10 играчи: Што ли може да те натера на вакво нешто?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Чудни случувања во тенисот.

    Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс донесе чудна одлука за која никој не се надеваше.

    Американската ѕвезда одлучи да излезе од топ 10 тенисерките на светската листа. Навистина чудно дека таква работа може да биде предмет на одлука, слично како кога некој фудбалски клуб би се откажал од второто место на табелата. Слично, но не сосема исто.

    Серена ќе остане на втората позиција, но нема да ги има истите услови, но и обврски како да е топ 10 тенисерка, а тоа значи дека може сама да бира на кои турнири ќе учествува, но затоа нема да добива исплата од ВТА(околу 5 милиони долари делат тие 10 тенисерки на крајот на годината), ниту ќе има таков статус на ѕвезда(врвни хотели, специјални соблекувални…) кои им следува на тенисерките од врвот.

    Наместо неа статусот топ 10 тенисерки го превзема Петра Квитова.