Хорфорд за победа на Бостон: Клиперс подобар од Чикаго


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кошаркарите на Бостон по голема борба дојдоа до победа против Детроит со 94:92. Тие победија во трилер завршница, а јунак на победата беше Хорфорд кој постигна поени на секунда пред крајот на натпреварот. Томас со 24 поени и 8 асистенции беше најдобар кај Бостон додека кај Детроит најдобар беше Морис со 24 поени и 5 скокови. Добар натпревар имаше и Друмонд со 20 поени и 17 украдени топки.

    https://youtu.be/uBhehO4GZAg

    Хјустон беше подобар од Јута со 111:102. Харден повторно играше одлично. Тој постигна 31 поен и 10 асистенции. Во редовите на Јута подобар од останатите беше Худ со 25 поени.

    https://youtu.be/4QZcxICphZs

    Њу Орлеанс во продолженијата го скрши отпорот на Шарлот и победи со 121:116, па таа стигна до 4-та победа во сезона. По обичај кај Њу Орлеанс најдобар беше Ентони Дејвис со 38 поени, 16 скокови и 3 блокади. Кемба Вокер со 25 поени беше најефикасен кај Шарлот.

    https://youtu.be/afgJm50TJR0

    Интересно беше и во натпреварот помеѓу Клиперс и Чикаго. На крајот како победник излезе Клиперс со 102:95. Нив до победа ги однесе Грифин со 26 поени и 13 скокови додека кај Чикаго Вејд со 28 поени и 8 асистенции беше најдобар.

    https://youtu.be/TKl32klfhCI

    Останати резултати:

    Орланд – Далас 95:87
    Вашингтон – Мајами  111:114
    Филаделфија – Феникс 120:105
    Мемфис – Минесота 93:71
    Милвоки – Голден Стејт 121:124