„Многу сум горд на тимот“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Челси денес победија на гостувањето кај Миделсброу со 1:0 во 12-то коло во ПЛ.

    Тренерот на Челси, Конте беше многу задоволен по натпреварот.

    „Многу сум горд, но дури сега ни следи вистинската работа. Им кажав на фудбалерите дека мора да продолжиме таму каде што застанавме пред репрезентативната пауза. Бевме многу добри во овој тежок натпревар. Миделсброу е добро организиран и знаев дека ќе биде тешко, но заслуживме да победиме.“

    „Лигата не завршува денес, но ова е прв пат да сме на врвот. Среќни сме поради напорната работа на тренинзите и посветеноста на играчите.“

    Да потсетиме дека Челси по ова коло е на првата позиција со еден бод повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити.