Неверојатен скок во кариерата: Поранешен играч на Јунајтед станува најплатен фудбалер во историјата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кинеските фудбалски клубови не сопираат во своето лудо трошење на пари за трансфери на играчи.

    Според вестите од Кина еден од клубовите подготви неверојатна понуда за Карлос Тевез. Кинезите на 32-годишниот Тевез му нудат дури 37.5 милиони евра по сезона.

    Доколку ја прифати понудата, Тевез би заработувал по 720.000 евра неделно, односно 102.000 евра дневно. Да додадеме и дека еден од најдобрите фудбалери во светот Роналдо неодамна потпиша договор со Реал со кој заработува 400.000 евра неделно.

    Тевез има договор со Бока Јуниорс до 2018 година, но висината на трансферот не би претставувала проблем за Кинезите.

    Тевез ја започна кариерата во Бока, потоа се пресели во Коринтијанс, а играше и за Вест Хем, Јунајтед, Сити и Јувентус.

    Кинеските клубови во јануари оваа година потрошија 150 милиони евра на трансфери. Рекордниот трансфер направи Џексон Мартинез кој од Атлетико Мадрид премина во Гвангжу за 42 милиони евра.

    Рекордна плата во кинескиот фудбалер има и Лавеци кој во Хебеи Кина заработува 15 милиони евра по сезона.

    https://youtu.be/kQnIdS-UXmU