Еден од најдобрите мотивациони филмови: 40 години од најдобриот спортски филм


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    На денешен ден во 1976-та година е прикажан легендарниот филм „Роки“, најпознатиот филм за боксот во историјата.

    Пред 40 години, „Роки“ и ја претстави на јавноста приказната за Роки Балбоа, скромен боксер од Филаделфија чиј лик го глумеше Силвестер Сталоне.

    Сталоне првата верзија на сценариото на филмот ја напиша за 20 часови инспириран од легендарниот дуел помеѓу Али и Вепнер.

    Продуцентите го прифатија неговото сценарио и беа подготвени за него да платат 125.000 долари, но главниот глумец требаше да биде некој од холивудските гиганти.

    Тогаш анонимниот Сталоне дозволи снимање на филмот под ултиматум тој да биде главниот лик. Беше тоа првиот од вкупно 6 филмски продолженија за Балбоа.

    „Роки“ во тоа време беше снимен со буџет помал од еден милион долари, по што заработи повеќе од 225 милиони долари. Филмот освои и три Оскари, вклучувајќи ги тие за најдобра фотографија, најдобар филм и најдобра режија.

    Една од највпечатливите сцени од филмот кои влегоа во филмската историја е таа кога Балбоа трча по скали до музејот на уметноста во Филаделфија, каде победнички ги крева рацете и скока. Денес на тоа место, 40 години подоцна, стои ликот на познатиот филмски јунак.

    Филмот е направен со порака никогаш да не се откажувате од важиот сон, животна борба и вербата во себе.

    Роки Балбоа стана симбол на храброст, одлучност и трпеливост…