Спалети повторно удри по авторитетот на соблекувалната: Војна со Наинголан по караницата на теренот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Дали овој тренер почна да ја губи контролата врз својот тим?

    Спалети повторно влезе во конфликт со важен играч на Рома, а овој пат станува збор за Наинголан. Тие двајца во натпреварот против Аталанта имаа неколку непријатни ситуации, а посебно по излегувањето на Пероти во 73-та минута.

    Според медиумите, Наинголан неколку пати ја покажал својата нервоза на теренот, се карал со Спалети, а потоа почна да се кара и со помошникот Доменкини.

    Конечно, капката ја прелеа чашата во 86-та минута, кога тренерот на Рома во игра наместо него го внесе Итурбе, а Наинголан луто замина во соблекувалната.

    Рома остана без три бодови на гостувањето во борба за титулата, па Јуве сега е во предност од огромни 7 бодови.

    Да потсетиме, Спалети во април оваа година се скара со Франческо Тоти, но подоцна се смирија, а останува да видиме што ќе се случи со Наинголан, со кој управата на Рома веќе долго време преговара за нов договор.