„Знам како ќе го сопреме Роналдо“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Спортинг утре ќе го пречека Реал Мадрид на свој терен.

    За Роналдо ова ќе биде враќање на местото каде што ја започна професионалната кариера, а сега настапува за Реал и ќе биде голема опасност.

    Тренерот на Спортинг, Хесус изјави дека има план како да го сопре Роналдо.

    „Роналдо е роден да дава голови, но мислам дека постои начин да се сопре. Важно во тоа е што мојот тим мора да игра добро.“

    Хесус додаде дека Реал Мадрид не може да го изненади Спортинг.

    „Нема ништо да биде поинаку. Реал ништо не може да смисли. Се познаваме добро и знаеме дека не сме екипа која лесно може да се сфати.“