Ѕвезди на кои им одговара клупата: Ова се најголемите џокери во историјата на ПЛ


    Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


    Неверојатен збир на одлични голгетери.

    Францускиот напаѓач Оливер Жиру веќе зборуваше за заминување од Арсенал по завршување на договорот, а незадоволен е поради тоа што не е во прв план кај Венгер, но не можеше ни да се замисли дека тој ќе постигне гол против Јунајтед.

    Тоа беше 10-от гол од клупата за Жиру, со што се најде на списокот од 22 фудбалери кои постигнаа двоцифрен број на голови.

    Прв на листата е Џермејн Дефо, кој постигна 23 голови од клупа во досегашната кариера и продолжува со голови. Втор е Кану со 17, а меѓу првите четири се наоѓаат уште и Солскјер со 17 и Чичарито со 14.

    Меѓу играчите кои постигнаа 13 голови од клупата во ПЛ се Роби Кин, Дарен Бент, Андре Фло, Един Џеко, Мајкл Овен, Даниел Стариџ, Виктор Аничебе и Енди Кол.

    Треба да се спомене дека Дрогба, покрај сите голови, успеа да постигне и 11 од клупата, а еден помалку има Флојд Хаселбенк, Теди Шерингам и Двајт Јорк.

    Играчите на Арсенал во текот на историјат ана ова натпреварување најверојатно најмногу погодуваа од клупата. Покрај Жиру и Кану, на долгата листа се наоѓаат и Бендтнер со 9, односно Анри, Пирес, Ван Перси и Волкот со по 7 голови.

    На листата има и вистински џокери, но и тие кои повеќе беа стандарни отколку што седеа на клупата за резервни играчи