Знаете ли кој клуб ја „измами“ Барселона најмногу?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Барселона во последните години имаше многу промашувања при купување на играчи. Тие кои следат фудбал се запознаени со „случаите“ на Даглас, Кеирисон и така натаму.

    Меѓутоа, малку е познато дека постои клуб кој профитираше поради тие лоши трансфер на Барселона.

    Некој ќе рече дека проблем беше во играчите што не се прилагодија во толку голем тим, но приказната е поинаква.

    Барселона кога донесува некој играч анализира како ќе се вклопи во нејзиниот стил на игра. Логично, најдобро е да донесува играчи од тимови кои играат како и Барселона, а такви за жал ги има малку бидејќи за таков фудбал е потребен врвен тренер кој знае што сака од талентираните играчи.

    Еден од клубовите кои секогаш, барем во последните 20 години, игра со кратки додавања е Арсенал. Токму поради тоа Барселона многу пати тргуваше со нив и многу често грешеше бидејќи многу од играчите кои дојдоа од овој тим беа прогласувани за едни од најлошите засилувања.

    Во продолжение следат неколку такви.

    1. Марк Овермарс и Емануел Петит(2000)

    Барселона од парите кои ги доби за Луис Фиго, кој премина во Реал Мадрид, ги донесе овие 2 играчи од Арсенал. Ова се смета за еден од најлошите потези во историјата на фудбалот. Петит остана само 1 сезона без освоен трофеј додека Овермарс остана до 2004 година, меѓутоа тој никогаш не играше како во Арсенал.

    1. Александар Хлеб(2008)

    Иако во неговата биографија пишува дека во Барселона поминал 4 сезони, во редовите на Барса одигра само 1 година вкупно, поточно 19 натпревари. Останатото време беше на позајмици.

    1. Алекс Сонг(2012)

    Сонг и понатаму е играч на Барселона, иако веќе 3 години не игра за нив. Донесен е како големо засилување, но никогаш не го покажа својот талент. Можеби во Арсенал играше во првиот тим, но Барселона немаше место за него ниту на клупата за резерви.

    1. Томас Вермален(2014)

    Белгиецот беше важен играч во одбраната на Венгер. Најавуван беше како големо засилување за одбраната на Барселона. Одигра само неколку натпревари, поголемиот дел паузираше поради повреди.

    За сите трансфери од Арсенал во Барселона не бидат промашувања се погрижи Анри, а не беше лош ниту Фабрегас, кој сепак не играше како во ПЛ.