Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез не го повика Наинголан на претходниот собир на репрезентацијата.
Ѕвездата на Рома не играше во тимот, а во медиумите се појавија шпекулации дека тие двајца не се сложуваат и дека селекторот на овој начин го казнил фудбалерот.
Денес Мартинез одлучи да прозбори во врска со овој случај и ги демантираше приказните на медиумите.
„Не е вистина дека имаме проблеми. Наинголан е одличен играч, минатиот пат не беше повикан, но ќе гледаме на 10-ти декември против Милан.“
„Ова нека биде предупредување за него и добро би било да научи нешто од тоа. Треба да се бори за своето место во тимот.“