„Многу важна победа за нас“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус вчера успеаа да победат на гостувањето кај Севиља во натпреварот од групната фаза во ЛШ.

    Јувентус на крајот стигна до победа со 3:1, иако домаќините први стигнаа до предност. Оваа победа го донесе Јуве на првото место во групата додека Севиља во директен дуел со Лион ќе се бори за нокаут фазата.

    По натпреварот, Квадрадо изјави дека ова била важна победа за неговиот тим.

    „Многу важна победа за нас и тоа беше целта кога стигнавме во Шпанија. Одигравме добар натпревар и победивме. Јас го дадов својот максимум и среќен сум што ќе играме во нокаут фазата.“