Беше изгубена секоја надеж: Играчи кои се вратија од „мртвите“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре во претходниот натпревар беше јунак на својата екипа во победата против Кристал Палас.

    Познато е дека Гвардиола беше отпишан кога стигна Гвардиола на клупата, а овој играч не е дури ниту пријавен за натпреварите во ЛШ.

    Сепак, као гром од ведро небо се појави вест дека Туре е во почетниот состав против Палас. Овој фудблаер на вистински начин ја искористи својата шанса и со 2 голови им донесе важни три бодови на Сити.

    Меѓутоа, низ историјата имаше многу играчи кои се вратија од „мртвите“. Од новата историја има само неколку имиња кои беа отпишано, а на крајот се вратија на најдобар можен начин.

    1. Францис Кокелан

    Кокелан пред две години беше на излезни врати од Арсенал, а во декември 2014 година беше испратен на позајмица во Чарлтон.

    Неговите проблеми со повредите го одалечија од првиот тим и беше сигурно дека го напушта Арсенал. Сепак, тој успеа да оздрави и доби доверба на Венгер, а сега е еден од најважните играчи во тимот.

    1. Карлос Тевез

    Легендарниот играч во 2012 година беше на голема раскрсница во својата кариера. Одлучи да го напушти Јунајтед и својата кариера да ја продолжи во Сити.

    Тоа се покажа како одличен потег и во Сити играше одлично во 2012 година. Тогаш тие ја освоија првата титула во Англија.

    1. Андреа Пирло

    Во 2011 година изгледаше дека Пирло е пред крајот на својата кариера, дека по Милан ќе заврши во лош тим. Сепак, тој замина во Јувентус каде играше феноменално.

    Со Јувентус помина 4 одлични титули, а многумина веруваат дека тој може уште да игра на врвно ниво.

    1. Герет Бејл

    Тој денес е еден од најплатените играчи во светот. Добро е познато дека тој својата кариера ја започна како лев бек, а во 2009 година изгледаше дека Тотенхем лесно ќе се откаже од него бидејќи не играше добро.

    Сепак тој експлодираше во еден момент, а најмногу се паметат неговите голови против Интер. Тој тогаш беше прекомандуван да игра во нападот, а 2 години подоцна замина во Реал Мадрид за 90 милиони евра.

    1. Дејвид Бекам

    Малку кој би помислил дека во оваа листа се наоѓа и Дејвид Бекам. Тој најтешките моменти ги помина во 2007 година во Реал Мадрид, бидејќи Фабио Капело тогаш му кажа дека во таа сезона тој воопшто нема да игра.

    Во самиот финиш Капело одлучи да му даде шанса и тоа се исплатеше. Бекам сакаше да докаже колку вреди, па тој беше еден од најзаслужните што Реал ја освои титулата во Шпанија.

    1. Радамел Фалкао

    Тој ја има сигурно една од најтажните фудбалски судбини. На врвот на својата кариера во 2014 година доживеа тешка повреда по што многумина веруваа дека тој нема да се врати во форма.

    Играше на позајмица во Англија, но повеќе од времето седеше на клупата. Сепак, оваа година во дресот на Монако тој почна да потсетува на старите денови. Постигна неколку голови на отворањето на сезоната, па покажа дека полека се враќа во форма.

    1. Марио Балотели

    Балотели ова лето одлучи да го напушти Ливерпул и својата кариера да ја продолжи во Ница. Иако многумина беа изненадени со овој потег, тоа се покажа како вистинска одлука.

    Италијанецот изјави дека сака да докаже колку вреди и тоа го направи уште на дебито кога постигна 2 голови. Балотели продолжува да ги тресе мрежите, а многумина веруваат дека тој наскоро ќе се врати во тимот на Италија.

    1. Педро

    Поранешниот фудбалер на Барселона по доаѓањето во Челси делуваше изгубено. Многумина веруваа дека тој ќе замине ова лето, но тој одлучи да остане.

    Конте му даде шанса, а тој ја искористи на најдобар можен начин. Овој крилен напаѓач игра во првиот тим на Челси и е еден од најомилените играчи на навивачите на Челси.

    1. Јаја Туре

    Него го отпишаа сите уште летото и малку кој веруваше дека тој ќе добие шанса да игра. Но неговото одлично однесување и труд на тренинзите не можеа да не останат забележани кај Гвардиола.

    Колку беше неговото враќање во тимот најдобро зборува изјавата на Гвардиола по натпреварот кога тој кажа дека има нов играч во тимот.