Интересни понуди за играч на Јувентус

    Сами Кедира доби три интересни понуди за продолжување на кариерата.

    Иако во редовите на Јувентус игра многу добро, тој во лето би можел да го смени клубот, но и континентот.

    Германскиот играч има понуди од МЛС лигата, а во свои редови го сакаат Галакси, Њујорк Сити и Њујорк Ред Бул.

    Договорот на Кедира важи до 2019-та година со Јувентус.

    Одличниот играч во редовите на Јувентус стигна во 2015 година и тоа по пет години поминати во Реал Мадрид, а во кариерата има играно уште и за Штутгарт.