Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Стивен Џерард објави дека заминува во пензија!
Легендарниот играч на Ливерпул и Англија ги сопре шпекулациите дека би можел да ја продолжи кариерата во некој европски клуб.
Тој останува без договор со Галакси, а најверојатно ќе се посвети на тренерската работа.
„Заминувам во пензија. Имав одлична кариера и благодарен сум за секој момент во Ливерпул, Англија и Галакси.“
„Среќен сум поради кариерата која што ја имав, а ништо не би било возможно без поддршка на луѓето околу мене.“
„Возбуден сум поради тоа што ми го носи иднината и чувствувам дека имам уште многу да понудам. Ќе земам време да ги видам опциите, а тогаш ќе одлучат кои се наредните чекори.“