„Ферари не може да биде горд на 2016-та година“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Ферари, Себастијан Фетел не е задоволен со постигнатото во оваа сезона, во која неговиот тим не успеа да победи во ниту една трка.

    Германецот минатата година победи на три трки и беше најблизок конкурент до двата возачи на Мерцедес, меѓутоа не успеа да ги повтори добрите резултати во 2016-та година.

    „Напорно работиме, многу сме посветени. Оваа година сакавме нешто друго, но од многу причини тоа не се случи.“

    „Нашиот болид е за класа подобар од минатиот, нашите настапи секогаш беа подобри од тоа што го покажуваат резултатите, но немавме среќа.“

    „Не можеме да бидеме горди на оваа година, бидејќи на почетокот на сезоната очекувавме борба за титулата.“

    „Целта за наредната година е јасна. Голем предизвик е за сите тимови да ги подготват своите болиди, бидејќи има многу нови работи во Формула 1.“