Гвардиола сака да го донесе новиот Ван Бастен: Младиот напаѓач мета на Сити


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Младиот напаѓач на Ајакс, Каспер Долберг со добрите игри оваа сезона привлече големо внимание од европските гиганти.

    Сега ни стигна и потврда, тој е мета на Манчестер Сити.

    Долберг одигра 12 натпревари за Ајакс и постигна 8 голови.

    Скаутот на Сити, Арнесен откри дека Гвардиола е многу добро запознаен со потенцијалот на младиот Данец.

    „Многу внимателно ги следиме неговите игри. Кога ќе дојде време, ќе донесеме одлука за евентуален трансфер. Тој навистина има голем потенцијал. Висок, силен, храбар и брз. Има одличен допир со топката.“

    Долберг првите фудбалски чекори ги направи во Силкеборг, а оваа година дебитираше за младата селекција на Данска.

    Во родната земја почнаа да го нарекуваат новиот Ван Бастен…