Најубиствен пар во ЛШ: Аргентинецот сам постигна повеќе голови од нападот на Реал


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Лионел Меси и Нејмар во 5-то коло во ЛШ кај Селтик ја продолжија серијата на Барселона.

    Во победата на Барселона од 2:0 Меси дојде до 9 голови, а Бразилецот до 7-та асистенција.

    Меси со пенал и со прекрасен волеј удар стана првиот играч во историјата на европскиот фудбал кој во меѓународни натпреварувања има постигнато 100 голови за еден клуб, па потврди дека оваа сезона е најдобар стрелец во ЛШ, за еден гол пред целиот напад на Реал, поточно Роналдо, Бејл, Бензема и Мората.

    https://youtu.be/hYhupJvuIGU

    Најдобриот фудбалер во светот од почетокот на групите во ЛШ го имаше следниов резултат.

    Во победата против Селтик од 7:0, тој постигна 3 голови, а асистираше при еден. Потоа поради повреда не играше во Менхенгладбах, но тогаш Сити го дочека со 3 голови и асистенција.

    Во поразот кај Сити постигна 1 гол, а вчера против Селтик успеа да постигне 2 за победа на Барселона.

    https://youtu.be/-E6PS0X-4Vc

    Посебно фантастично звучи податокот дека споменатите 9 голови во ЛШ, меси ги постигна од само 10 удари кон голот.

    За неговиот убав гол од игра против Селтик беше заслужен Нејмар со одлична асистенција. Во останатите натпревари Нејмар против Селтик постигна 1 гол и 4 асистенции.

    Продолжи со уште една асистенција за победата од 2:1 кај Менхенгладбах, па со гол во домашната победа против Сити, а тоа му е единствен натпревар без асистенција.