„Федерер и Надал се минато“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот шведски тенисер Матс Виландер смета дека Федерер и Надал нема повеќе да се вратат на врвот на АТП листата.

    Според негово мислење, Швајцарецот се наоѓа во во својата 35-та година и нема шанси да се закани на водечката тројка во тимот додека Надал е премногу истрошен и не претставува закана за најдобрите тенисери на брза подлога.

    „Да бидеме искрени, дали Федерер на 35 години ќе освои Грен Слем и ќе се закани на најдобрата тројка? Понекогаш да, но не сум баш сигурен.“

    „Надал нема игра да остане на врвот, нема да се врати на првото место. Можеби ќе го освои Ролан Гарос, но на брзите подлоги тој нема шанси.“