Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Новиот тим во БЛ продолжува со феноменалната форма оваа сезона. Уште една победа за потврда на лидерската позиција.
По вечерашниот натпревар во Фрајбург, целосно е јасно – Лајпциг и по 12-то коло ќе остане осамен на врвот.
Лидерот во шампионатот вечерва го победи Фрајбург со 4:1, а тоа им е 9-та победа во 12 натпревари, со само 3 реми натпревари и ниту еден пораз.
Вечерва тие успеаа за само 2 минути да постигнат гол, а стрелец беше Кеита, преубав удар од 20-на метри.
Неидерленер во 15-та минута ги врати надежите на домаќините, но потоа главната улога ја превзема 20-годишниот Тимо Вернер, кој со своите голови во 21 и 35 минута го реши прашањето за победникот.
Резултатот 3:1 остана до полувремето, а во продолжението Лајпциг успеа да постигне гол за конечни 4:1 во 79-та минута
Головите може да ги видите тука.
Лајпциг има 6 бодови предност пред Баерн, но и натпревар повеќе додека Фрајбург со 15 бодови е на средината на табелата.