Дали е блиску до трансфер или не: Гризман го кажа својот план за иднината


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Францускиот фудбалер, Антоан Гризман во последните месеци се поврзуваше со заминување од Мадрид.

    За неговите услуги беа заинтересирани голем број клубови, а меѓу нив се и Манчестер и Челси.

    Тој конечно одлучи да даде изјава и кажа дека ќе остане во Атлетико се додека Симеоне го води клубот.

    „Имав некои дилеми дали да заминам минатото лето кога се споменуваше дека Симеоне ќе замине. Му се јавив и го прашав и тој ми рече дека ќе остане, па така останав и јас.“

    „Имам голема почит кон него и чувствувам дека ми верува. Морам да останам со него и да соработувам уште некое време. Сепак, тоа не значи дека ќе го следам кога ќе си заминеме од Атлетико.“

    „Секоја недела станувам се подобар. Сакам да играм за Атлетико и ги сакам соиграчите. Не мислам дека ми е време да преминам на наредното ниво.“

    Гризман оваа сезона одигра 11 натпревари во Примера и 5 во ЛШ, а воедно постигна и 9 голови.