Де Роси вечерва пишува нова историја во Рома


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Рома вечерва на домашен терен играат против Пескара во 14-то коло во Серија А.

    Тимот на Лучијано Спалети вечерва сака победа за да остане во борба за титулата.

    Вечерашниот натпревар би требало да го започне Де Роси кој ќе биде капитен на Рома на оваа средба.

    Сепак, оваа средба за него е многу посебна, бидејќи тој ќе го одигра својот 400-ти натпревар за тимот.

    Де Роси за Рома дебитираше на 25 јануари 2003 година против Кома.

    За 13 години овој фудбалер одигра 399 натпревари во Серија А, 53 во купот, 49 во ЛШ, 18 во ЛЕ, 13 во Купот на УЕФА и 4 во Суперкупот на Италија.