Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Луис Хамилтон изјави дека дал се од себе да го победи Нико Розберг, кој со 2-то место во Абу Даби ја освои титулата.
Хамилтон на патеката стигна до 4-та победа по ред, 53-та во кариерата, но сезоната ја заврши со 5 бодови помалку од Нико Розберг.
„Се чувствувам одлично, им благодарам на сите што дојдоа. Кога дојдов во Мерцедес не помислив дека ќе имам толку победи. Нико, ти честитам на титулата, одлично возеше.“
Хамилтон изјави и дека покрај поразот сезоната беше забавна.
„Дадов се од себе на последните трки, направив се што беше возможно. Се забавував, имавме падови и успеси, но тоа е дел од овој спорт.“












